усвои
Значење на усвои:
1. посвои, посини.
2. Донесе, одобри правен акт, документ. Претседателството усвои Програма за претстојните избори. Владата едногласно усвои план за стабилизација. Советот го усвои записникот.
3. Научи, совлада. Децата лесно го усвоија зададеното од учителката.
Коњугација: усвојат.
Изведени зборови:
- усвојува, глаг. несв. усвојуваат
- усвојување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
усвои, усвојат св. 1. сп. посвои, посини. 2. Донесе, одобри правен акт, документ. Претседателството усвои Програма за претстојните избори. Владата едногласно усвои план за стабилизација. Советот го усвои записникот. 3. Научи, совлада. Децата лесно го усвоија зададеното од учителката. ‖ усвојува, усвојуваат несв. ‖ глаг. им. усвојување ср.