ут 1

Именка, машки род

Значење на ут:

1. (зоол.) Ноќна птица грабливка со кафеави или сиви пердуви, со големи црни очи, карактеристична по огласувањето со звукот „хуу-ху-ху“; утка; Strix aluco. Јато утови прфна од камбанаријата.

2. (прен.) За човек ‒ неспособен, невешт, збркан, збунет.

Множина: утови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Му дојде како на утот ‒ добие нешто без работа, на готово. Чека како утот ‒ чека на готово. Од соколот ‒ ут, од утот ‒ сокол ‒ од добар родител може детето да биде никакво и обратно, во интелектуална, во карактерна особина, во постигнувања во животот и сл.

Оригинални податоци:

ут1, мн. утови м. 1. (зоол.) Ноќна птица грабливка со кафеави или сиви пердуви, со големи црни очи, карактеристична по огласувањето со звукот „хуу-ху-ху“; утка; Strix aluco. Јато утови прфна од камбанаријата. 2. (прен.) За човек ‒ неспособен, невешт, збркан, збунет. ◊ Му дојде како на утот ‒ добие нешто без работа, на готово. Чека како утот ‒ чека на готово. Од соколот ‒ ут, од утот ‒ сокол ‒ од добар родител може детето да биде никакво и обратно, во интелектуална, во карактерна особина, во постигнувања во животот и сл.