утро

Именка, среден род

Значење на утро:

Времето во првите часови на денот. Секое утро оди на училиште. Работи од утро до вечер. Магливо утро. Сончево утро. Празнично утро.

Множина: утра.

Фразеолошки израз / поговорка:

Добро утро! ‒ поздрав. Денот по утрото се познава ‒ почетокот навестува каков ќе биде крајот. Од утро до мрак (вечер) ‒ цел ден, постојано.

Оригинални податоци:

утро, мн. утра ср. Времето во првите часови на денот. Секое утро оди на училиште. Работи од утро до вечер. Магливо утро. Сончево утро. Празнично утро. ◊ Добро утро! ‒ поздрав. Денот по утрото се познава ‒ почетокот навестува каков ќе биде крајот. Од утро до мрак (вечер) ‒ цел ден, постојано.