утврди
Значење на утврди:
1. Направи утврда, огради нешто заради заштита. Војската го утврди градот. Дојденците ги забарикадираа двата ката и ги утврдија собите.
2. Зацврсти власт. Новиот владетел за многу кратко време ја утврдил својата власт.
3. Строго определи. Тие го утврдија денот на свадбата. Владата ја утврди цената на нафтата и на нафтените деривати.
4. Озакони, даде законска сила. Уставот ги утврдува функциите на општината.
5. Дојде до заклучок, констатира. Научниците утврдија дека урнатините датираат од XIII век пред нашата ера. Второстепениот орган утврди дека издавањето на решението не е во согласност со постојните прописи.
6. Научи добро лекција, зацврсти знаење. На крајот на учебната година учениците ги утврдија наставните содржини.
Коњугација: утврдат.
Изведени зборови:
- се ~ утврди, Заземе сигурна позиција. Нашата чета се утврди зад ридот. Ние се утврдивме блиску до градот.
- (се) утврдува, глаг. несв. (се) утврдуваат
- утврдување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
утврди, утврдат св. 1. Направи утврда, огради нешто заради заштита. Војската го утврди градот. Дојденците ги забарикадираа двата ката и ги утврдија собите. 2. Зацврсти власт. Новиот владетел за многу кратко време ја утврдил својата власт. 3. Строго определи. Тие го утврдија денот на свадбата. Владата ја утврди цената на нафтата и на нафтените деривати. 4. Озакони, даде законска сила. Уставот ги утврдува функциите на општината. 5. Дојде до заклучок, констатира. Научниците утврдија дека урнатините датираат од XIII век пред нашата ера. Второстепениот орган утврди дека издавањето на решението не е во согласност со постојните прописи. 6. Научи добро лекција, зацврсти знаење. На крајот на учебната година учениците ги утврдија наставните содржини. ● се ~ Заземе сигурна позиција. Нашата чета се утврди зад ридот. Ние се утврдивме блиску до градот. ‖ (се) утврдува, (се) утврдуваат несв. ‖ глаг. им. утврдување ср.