увеличи

Глагол, свршен

Значење на увеличи:

1. Зголеми, направи да биде поголем. Ја увеличи фотографијата од роденденот. Ги увеличиле буквите за да се чита подобро.

2. Направи да изгледа поголем. Лупата ги увеличи буквите од книгата.

3. (прен.) Претера во опишување или прикажување на нешто. Тој намерно ја увеличува несреќата за да предизвика паника меѓу луѓето. Ја увеличи работата да предизвика сожалување. Го увеличи успехот на ќерка си.

Коњугација: увеличат.

Изведени зборови:

  • увеличува, глаг. несв. увеличуваат
  • увеличување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

увеличи, увеличат св. 1. Зголеми, направи да биде поголем. Ја увеличи фотографијата од роденденот. Ги увеличиле буквите за да се чита подобро. 2. Направи да изгледа поголем. Лупата ги увеличи буквите од книгата. 3. (прен.) Претера во опишување или прикажување на нешто. Тој намерно ја увеличува несреќата за да предизвика паника меѓу луѓето. Ја увеличи работата да предизвика сожалување. Го увеличи успехот на ќерка си. ‖ увеличува, увеличуваат несв. ‖ глаг. им. увеличување ср.