увери
Значење на увери:
Докаже некому вистинитост, правилност на нешто, убеди. Го увери дека тоа е лага. Настаните од пред некој ден нè уверија дека сè е можно.Коњугација: уверат.
Изведени зборови:
- се ~ увери, Дојде до уверување, поверува, се убеди во нешто. Судот се увери дека главниот сведок го повлекол својот исказ. Тој се увери дека девојчето ја кажува вистината. Директорот се увери во преданоста на своите колеги.
- (се) уверува, глаг. несв. (се) уверуваат
- уверување, глаг. им. ср.
Оригинални податоци:
увери, уверат св. Докаже некому вистинитост, правилност на нешто, убеди. Го увери дека тоа е лага. Настаните од пред некој ден нè уверија дека сè е можно. ● се ~ Дојде до уверување, поверува, се убеди во нешто. Судот се увери дека главниот сведок го повлекол својот исказ. Тој се увери дека девојчето ја кажува вистината. Директорот се увери во преданоста на своите колеги. ‖ (се) уверува, (се) уверуваат несв. ‖ глаг. им. уверување ср.