увид
Само во еднина.
Значење на увид:
1. Преглед, разгледување, подобро, поподробно запознавање со нешто. Има увид во работата на проектот.
2. (прав.) Утврдување на факти, околности со набљудување на самото место. Полицијата изврши увид на самото место на настанот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Има увид во нешто ‒ познава, е во тек со нешто, има целосна претстава за нешто. Добие (целосен) увид ‒ добро, подробно се запознае со нешто. Стави на увид ‒ изнесе, изложи нешто за да се види, да се разгледа, да се запознае. Даде на увид ‒ даде нешто некому да се види, да се прегледа, да се разгледа.
Оригинални податоци:
увид (само едн.) м. 1. Преглед, разгледување, подобро, поподробно запознавање со нешто. Има увид во работата на проектот. 2. (прав.) Утврдување на факти, околности со набљудување на самото место. Полицијата изврши увид на самото место на настанот. ◊ Има увид во нешто ‒ познава, е во тек со нешто, има целосна претстава за нешто. Добие (целосен) увид ‒ добро, подробно се запознае со нешто. Стави на увид ‒ изнесе, изложи нешто за да се види, да се разгледа, да се запознае. Даде на увид ‒ даде нешто некому да се види, да се прегледа, да се разгледа.