увиди

Глагол, свршен

Значење на увиди:

Согледа, сфати. Ја увиде грешката што ја направи. Тој уште млад увиде дека животот не е лесен. Таа навреме ја увиде бесполезноста од таа работа. Управниот одбор конечно ја увиде неактивноста на клубот.

Коњугација: (ќе) увидеа , (ќе) увидев , (ќе) увидел, увидат , увидел , увиден , увидете , увиди , увидоа , увидов .

Изведени зборови:

  • увидува, глаг. несв. увидуваат
  • увидување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

увиди, увидат; увиди, увидете; увидов, увидоа; увидел; увиден; (ќе) увидев, (ќе) увидеа; (ќе) увидел св. Согледа, сфати. Ја увиде грешката што ја направи. Тој уште млад увиде дека животот не е лесен. Таа навреме ја увиде бесполезноста од таа работа. Управниот одбор конечно ја увиде неактивноста на клубот. ‖ увидува, увидуваат несв. ‖ глаг. им. увидување ср.