уво

Именка, среден род

Значење на уво:

1. Орган на слухот кај човек и кај животно. Органот за слух се состои од надворешно, средно и внатрешно уво.

2. Надворешен дел од органот за слух. Тој има многу големи уши. Магарешки уши. Клапушести уши.

3. (прен.) Способност за слушање, слух. Музикално уво. Има уво за добра музика. Оваа бучава пара уши.

4. (обично во мн.) Тапата страна на секира, мотика и сл. Го удрил со ушите на секирата.

5. (обично во мн.) Дупка на игла каде што се вденува конецот. Игла со големи уши за подебел конец.

6. (обично во мн.) Дел од капа што ги покрива ушите за заштита од студ.

7. (обично во мн.) Дел од разни предмети и алати што личи или потсетува на уво: а) на разбој ‒ штичките на двата краја на брдото. б) чепорест дел од ралото, прицврстен над ралникот. в) дел од клипот на моторите со внатрешно согорување.

8. (бот.) Израстоци што се јавуваат во основата на листот кај некои растенија. Јачменот формира најголеми уши, пченицата помалку изразени, а 'ржта уште помали.

Множина: уши.

Изведени зборови:

  • увце, и. ср. дем. и хип.

Фразеолошки израз / поговорка:

Е тврд на уши ‒ слабо слуша, е наглув. Влече некого за уши ‒ 1. кара, казнува некого со влечење за уши. 2. повлекува уши на дете за да порасне, обично на роденден. Ќе ти ги истргам ушите ‒ закана. Му дојде до уши ‒ (до)чуе нешто, дознае нешто од зборување, со слушање. Затне уши ‒ не сака да чуе нешто. Од твоја уста во божји уши ‒ желба да се исполни кажаното од соговорникот при разговор. Му влегла болва во уво ‒ го обзема непријатна мисла што го беспокои. Од едно (лево) уво влегло, од/низ друго (десно) излегло ‒ се вели кога не сакаме да земеме предвид што се зборува, брзо заборава што се кажало. Си лежи на двете уши ‒ не се грижи за ништо, за ништо не се интересира; спокоен е, мирно спие без грижи. Гнете и низ уши ‒ многу јаде. Вљубен (заљубен) до уши ‒ многу вљубен. Вода му влегла (влезе во уши) ‒ 1. сосем се заборави, па прави нешто што не смее. 2. му се заврте умот од неочекуван успех, од пари, имот и сл. И ѕидовите имаат уши ‒ предупредување дека некој може да нè чуе. Окрлави уши ‒ се поткрене, зајакне, порасне. Му пукаат ушите од глад ‒ многу е гладен и брзо и лакомо јаде. Се претвори во уво ‒ се напрега да слушне што зборуваат другите. Уво ме боли за.... ‒ не ми е гајле што се случува со некој или со нешто. Слуша со едно уво ‒ не слуша внимателно. Си седи на ушите ‒ не слуша што се зборува. Ја растегнал устата од едно уво до друго ‒ многу се смее. Покриј си ги ушите ‒ засрами се. Не им верува на своите уши ‒ слушне нешто во што не може да верува, нешто неверојатно, изненадувачко. Никој не го тепа некого по уши ‒ не мора да каже тоа што не се бара од него. Ги отвори добро ушите ‒ добро и внимателно слуша. Пробие некому уши ‒ здосади некому со некое барање, со зборување постојано за некого или за нешто. Протера (помине) некого низ иглени уши ‒ направи некој да помине низ големи тешкотии. Полни уши некому ‒ постојано зборува некому за нешто или за некого. Сечи уши ‒ крпи дупе ‒ живее сиромашно. Ги обеси ушите ‒ 1. се сневесели, се онерасположи. 2. се посрамоти. Задоен во уши ‒ нетокму, недоветен.

Оригинални податоци:

уво, мн. уши ср. 1. Орган на слухот кај човек и кај животно. Органот за слух се состои од надворешно, средно и внатрешно уво. 2. Надворешен дел од органот за слух. Тој има многу големи уши. Магарешки уши. Клапушести уши. 3. (прен.) Способност за слушање, слух. Музикално уво. Има уво за добра музика. Оваа бучава пара уши. 4. (обично во мн.) Тапата страна на секира, мотика и сл. Го удрил со ушите на секирата. 5. (обично во мн.) Дупка на игла каде што се вденува конецот. Игла со големи уши за подебел конец. 6. (обично во мн.) Дел од капа што ги покрива ушите за заштита од студ. 7. (обично во мн.) Дел од разни предмети и алати што личи или потсетува на уво: а) на разбој ‒ штичките на двата краја на брдото. б) чепорест дел од ралото, прицврстен над ралникот. в) дел од клипот на моторите со внатрешно согорување. 8. (бот.) Израстоци што се јавуваат во основата на листот кај некои растенија. Јачменот формира најголеми уши, пченицата помалку изразени, а 'ржта уште помали. ◊ Е тврд на уши ‒ слабо слуша, е наглув. Влече некого за уши ‒ 1. кара, казнува некого со влечење за уши. 2. повлекува уши на дете за да порасне, обично на роденден. Ќе ти ги истргам ушите ‒ закана. Му дојде до уши ‒ (до)чуе нешто, дознае нешто од зборување, со слушање. Затне уши ‒ не сака да чуе нешто. Од твоја уста во божји уши ‒ желба да се исполни кажаното од соговорникот при разговор. Му влегла болва во уво ‒ го обзема непријатна мисла што го беспокои. Од едно (лево) уво влегло, од/низ друго (десно) излегло ‒ се вели кога не сакаме да земеме предвид што се зборува, брзо заборава што се кажало. Си лежи на двете уши ‒ не се грижи за ништо, за ништо не се интересира; спокоен е, мирно спие без грижи. Гнете и низ уши ‒ многу јаде. Вљубен (заљубен) до уши ‒ многу вљубен. Вода му влегла (влезе во уши) ‒ 1. сосем се заборави, па прави нешто што не смее. 2. му се заврте умот од неочекуван успех, од пари, имот и сл. И ѕидовите имаат уши ‒ предупредување дека некој може да нè чуе. Окрлави уши ‒ се поткрене, зајакне, порасне. Му пукаат ушите од глад ‒ многу е гладен и брзо и лакомо јаде. Се претвори во уво ‒ се напрега да слушне што зборуваат другите. Уво ме боли за.... ‒ не ми е гајле што се случува со некој или со нешто. Слуша со едно уво ‒ не слуша внимателно. Си седи на ушите ‒ не слуша што се зборува. Ја растегнал устата од едно уво до друго ‒ многу се смее. Покриј си ги ушите ‒ засрами се. Не им верува на своите уши ‒ слушне нешто во што не може да верува, нешто неверојатно, изненадувачко. Никој не го тепа некого по уши ‒ не мора да каже тоа што не се бара од него. Ги отвори добро ушите ‒ добро и внимателно слуша. Пробие некому уши ‒ здосади некому со некое барање, со зборување постојано за некого или за нешто. Протера (помине) некого низ иглени уши ‒ направи некој да помине низ големи тешкотии. Полни уши некому ‒ постојано зборува некому за нешто или за некого. Сечи уши ‒ крпи дупе ‒ живее сиромашно. Ги обеси ушите ‒ 1. се сневесели, се онерасположи. 2. се посрамоти. Задоен во уши ‒ нетокму, недоветен. ‖ увце, мн. увца ср. дем. и хип.