увод

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на увод:

1. Почетен, воведен дел на книга, статија, расправа, воопшто на пишан текст, почетен дел на говор; вовед. Во уводот на книгата авторот ја објаснува својата методолошка постапка.

2. Почеток на дејство, подготовка за некакво дејство; вовед. Тоа како да беше увод во драматичните настани што дојдоа подоцна.

3. Оддел од една наука во кој се излагаат основните поими од таа наука; прирачник со ваква содржина; вовед. Увод во науката за јазикот.

Оригинални податоци:

увод (само едн.) м. 1. Почетен, воведен дел на книга, статија, расправа, воопшто на пишан текст, почетен дел на говор; сп. вовед. Во уводот на книгата авторот ја објаснува својата методолошка постапка. 2. Почеток на дејство, подготовка за некакво дејство; сп. вовед. Тоа како да беше увод во драматичните настани што дојдоа подоцна. 3. Оддел од една наука во кој се излагаат основните поими од таа наука; прирачник со ваква содржина; сп. вовед. Увод во науката за јазикот.