узбуна

Именка, женски род

Значење на узбуна:

1. Состојба на изненадна подготвеност, за време на војна, при пожар, поплава и сл., што се огласува со звучен сигнал. Засвире на узбуна. Сирената огласи узбуна.

2. Голема вознемиреност, негодување со подготвеност на отпор. Одлуката на директорот направи една узбуна.Тоа предизвика голема узбуна кај власта.

Множина: узбуни.

Оригинални податоци:

узбуна, мн. узбуни ж. 1. Состојба на изненадна подготвеност, за време на војна, при пожар, поплава и сл., што се огласува со звучен сигнал. Засвире на узбуна. Сирената огласи узбуна. 2. Голема вознемиреност, негодување со подготвеност на отпор. Одлуката на директорот направи една узбуна.Тоа предизвика голема узбуна кај власта.