узда
Значење на узда:
Дел од коњска опрема, кожен огламник со ѓем и долг ремен, дизгин за насочување на коњот при движење. Ги пушти уздите и коњот почна полека да оди.Множина: узди.
Изведени зборови:
- уздичка, и. ж. дем.
Фразеолошки израз / поговорка:
Му ги стега (пушта) уздите ‒ контролира некого. Држи (земе) узди во свои раце ‒ има нешто под своја контрола. Ги испушти уздите од раце ‒ изгуби контрола над нешто. Држи узди некому/држи некого на узда ‒ контролира некого.
Оригинални податоци:
узда, мн. узди ж. Дел од коњска опрема, кожен огламник со ѓем и долг ремен, дизгин за насочување на коњот при движење. Ги пушти уздите и коњот почна полека да оди. ◊ Му ги стега (пушта) уздите ‒ контролира некого. Држи (земе) узди во свои раце ‒ има нешто под своја контрола. Ги испушти уздите од раце ‒ изгуби контрола над нешто. Држи узди некому/држи некого на узда ‒ контролира некого. ‖ уздичка, мн. уздички ж. дем.