ужас
Значење на ужас:
1. Чувство на голем страв што доведува до неконтролирани карактеристични реакции. Ме опфати ужас. Со ужас гледаше што се случува. Се здрви од ужас.
2. Појава што предизвикува такво чувство. Ужасите на војната. Раскажуваше за ужасот што го видел.
3. Како изв. Израз на многу силен страв. Тоа што го видов не се опишува ‒ ужас!
Множина: ужаси.
Оригинални податоци:
ужас, мн. ужаси м. 1. Чувство на голем страв што доведува до неконтролирани карактеристични реакции. Ме опфати ужас. Со ужас гледаше што се случува. Се здрви од ужас. 2. Појава што предизвикува такво чувство. Ужасите на војната. Раскажуваше за ужасот што го видел. 3. Како изв. Израз на многу силен страв. Тоа што го видов не се опишува ‒ ужас!