ужасен 2
Значење на ужасен:
1. Што предизвикува, што влева ужас. Ужасни болести. Ужасна борба. Ужасна глетка. Ужасен настан. Ужасен крик.
2. Што е многу голем, страшен. Ужасна ситуација. Ужасна скапотија. Ужасна смрт. Ужасна главоболка.
3. (прен.) Што е многу лош, непријатен. Ужасна жена. Ужасен човек.
Членувана форма: ужасниот.
Изведени зборови:
- ужасно, прил. На страшен начин. 1. Ужасно изгледаше превртената кола. 2. Како изв. Веќе за ништо не можеше да мисли. Ужасно!
Оригинални податоци:
ужасен2, ужасниот прид. 1. Што предизвикува, што влева ужас. Ужасни болести. Ужасна борба. Ужасна глетка. Ужасен настан. Ужасен крик. 2. Што е многу голем, страшен. Ужасна ситуација. Ужасна скапотија. Ужасна смрт. Ужасна главоболка. 3. (прен.) Што е многу лош, непријатен. Ужасна жена. Ужасен човек. ‖ ужасно прил. На страшен начин. 1. Ужасно изгледаше превртената кола. 2. Како изв. Веќе за ништо не можеше да мисли. Ужасно!