ужина

Именка, женски род

Значење на ужина:

1. Јадење што се зема како меѓу оброк. Дежурниот ги повика на ужина. Тоа беше знак за ужина.

2. Храна што се јаде како меѓу оброк. Ужината ја донесоа во дворот под лозницата. Мајка ми иде со ужина.

3. Времето кога се зема ваквата храна. Кај ужина време почна да роси. Околу ужина привршивме со работата.

Множина: ужини.

Изведени зборови:

  • ужинка, и. ж. дем. и хип.

Оригинални податоци:

ужина, мн. ужини ж. 1. Јадење што се зема како меѓу оброк. Дежурниот ги повика на ужина. Тоа беше знак за ужина. 2. Храна што се јаде како меѓу оброк. Ужината ја донесоа во дворот под лозницата. Мајка ми иде со ужина. 3. Времето кога се зема ваквата храна. Кај ужина време почна да роси. Околу ужина привршивме со работата. ‖ ужинка, мн. ужинки ж. дем. и хип.