ужива

Глагол, несвршен

Значење на ужива:

1. Живее во изобилие, во задоволство. Ужива во резултатите од својот труд. На младост се мачеше, ама сега ужива.

2. Има чувство на задоволство. Уживаше во црцорењето на птиците. Двете пријателки уживаа во чајот и во лесниот разговор. Тој уживаше во добрата храна. Капачите уживаа гледајќи го залезот на сонцето.

3. Има, располага со нешто. Мајка му го уживаше правото на семејна пензија. Жената ужива исти права како и мажот. Тој уживаше посебен авторитет меѓу селаните. Нашата земја ужива голем углед во светот. Тој ужива многу привилегии.

Коњугација: уживаат.

Изведени зборови:

  • уживање, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

ужива, уживаат несв. 1. Живее во изобилие, во задоволство. Ужива во резултатите од својот труд. На младост се мачеше, ама сега ужива. 2. Има чувство на задоволство. Уживаше во црцорењето на птиците. Двете пријателки уживаа во чајот и во лесниот разговор. Тој уживаше во добрата храна. Капачите уживаа гледајќи го залезот на сонцето. 3. Има, располага со нешто. Мајка му го уживаше правото на семејна пензија. Жената ужива исти права како и мажот. Тој уживаше посебен авторитет меѓу селаните. Нашата земја ужива голем углед во светот. Тој ужива многу привилегии. ‖ глаг. им. уживање ср.