Оригинални податоци:
в- (во-), Претставка/префикс 1. За образување глаголи со значење: а) Упатеност, насоченост кон некаква внатрешност: вглави, вдене, вдлаби, вовре, вотне, воведе, вовлече, впие (се). б) Поголем интензитет на дејството: вгледа (се), вслуша се, вгорешти се. в) Преминување во нова состојба, добивање нов квалитет: вгорчи (се), втврдне (се), вдетини (се), вѓаволи (се). 2. За образување прилози со значење упатеност, насоченост, правец: вкуќи, вземи, вдесно, влево.