вади 1
Значење на вади:
1. а) Извлекува нешто од некаде (надвор). Го вади часовникот од џебот на панталоните. Ги вади и ги распоредува своите хартии врз масата. Зафати да вади вода од бунарот. б) Извлекува, отстранува нешто (од човечко или животинско тело). Итар Пејо му вади заб на еден селанец. Лекарот му го вадеше куршумот на ранетиот. в) Извлекува нешто од друг, посебен предмет. Мајсторот ги вадеше шајките од штиците.
2. Копа, откопува. Таму, под ридон, некогаш ваделе камен. Вадат руда.
3. Изнесува нешто или некого; изведува некого. Стариот ги вадеше овците секое утро на пасење. Поради мене комшијата уште го држат и не го вадат пред суд.
4. Изделува составен дел од некоја супстанца, целина. На рибата ѝ ги вади крлушките и таа останува чиста. Вади маст.
5. Произведува, изработува. Од оваа нива вадиме пет тона пченица годишно. Овој фотограф вади убави фотографии.
6. Се здобива со документ. Летово ќе вадам нов пасош. Вади виза.
7. Купи на билетарница. Денес ќе одам да вадам билет за в кино.
8. Отстранува, истава нешто од некаде. Напролет ја вадеше волнената постава од мантилот. Машината ја вади лушпата од оризот. Новиот производ добро ги вади дамките од облеката.
9. Измислува: а) Име, прекар на некого. Тој голем шегаџија постојано им вадеше нови имиња на своите другари. б) Новини во модата. Нашата креаторка секоја година вади некои нови моди. в) (си) вади од умот нешто. Од каде ги вадиш овие приказни? 10. Соблекува, собува, симнува нешто од себе или од некој друг. Тој не го вадеше палтото од себе, ни зиме, ни лете. Штом ќе стигнат дома, таа им ги вади калливите чизмички од нозете. 1(мат.) Од поголем број одзема помал, ја врши операцијата вадење; одзема. 12. Во состав со именки: Вади заклучок – заклучува.
Коњугација: вадат.
Изведени зборови:
- вадење, глаг. им. ср.
- се ~ вади, 1. Се спасува, се извлекува од тешкотии. Тој не сакал да се разликува од народот кој полека се вадел од ропска беда. 2. (жарг., разг.) Се правда, се оправдува. Со различни изговори се вадеше на часот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Си ги вадат очите ‒ жестоко се караат. Му ги вади зборовите од устата ‒ со мака наведува некого да зборува. Му ја вади душата ‒ мачи, измачува. Вади ифтирија на некого ‒ клевети некого, измислува нешто лошо за некого. Си го вади лебот ‒ заработува за живот. Вади од умот ‒ вчудоневидува, запрепастува. Вади од такт ‒ многу вознемирува.
Оригинални податоци:
вади1, вадат несв. 1. а) Извлекува нешто од некаде (надвор). Го вади часовникот од џебот на панталоните. Ги вади и ги распоредува своите хартии врз масата. Зафати да вади вода од бунарот. б) Извлекува, отстранува нешто (од човечко или животинско тело). Итар Пејо му вади заб на еден селанец. Лекарот му го вадеше куршумот на ранетиот. в) Извлекува нешто од друг, посебен предмет. Мајсторот ги вадеше шајките од штиците. 2. Копа, откопува. Таму, под ридон, некогаш ваделе камен. Вадат руда. 3. Изнесува нешто или некого; изведува некого. Стариот ги вадеше овците секое утро на пасење. Поради мене комшијата уште го држат и не го вадат пред суд. 4. Изделува составен дел од некоја супстанца, целина. На рибата ѝ ги вади крлушките и таа останува чиста. Вади маст. 5. Произведува, изработува. Од оваа нива вадиме пет тона пченица годишно. Овој фотограф вади убави фотографии. 6. Се здобива со документ. Летово ќе вадам нов пасош. Вади виза. 7. Купи на билетарница. Денес ќе одам да вадам билет за в кино. 8. Отстранува, истава нешто од некаде. Напролет ја вадеше волнената постава од мантилот. Машината ја вади лушпата од оризот. Новиот производ добро ги вади дамките од облеката. 9. Измислува: а) Име, прекар на некого. Тој голем шегаџија постојано им вадеше нови имиња на своите другари. б) Новини во модата. Нашата креаторка секоја година вади некои нови моди. в) (си) вади од умот нешто. Од каде ги вадиш овие приказни? 10. Соблекува, собува, симнува нешто од себе или од некој друг. Тој не го вадеше палтото од себе, ни зиме, ни лете. Штом ќе стигнат дома, таа им ги вади калливите чизмички од нозете. 11. (мат.) Од поголем број одзема помал, ја врши операцијата вадење; одзема. 12. Во состав со именки: Вади заклучок – заклучува. ● се ~ 1. Се спасува, се извлекува од тешкотии. Тој не сакал да се разликува од народот кој полека се вадел од ропска беда. 2. (жарг., разг.) Се правда, се оправдува. Со различни изговори се вадеше на часот. ◊ Си ги вадат очите ‒ жестоко се караат. Му ги вади зборовите од устата ‒ со мака наведува некого да зборува. Му ја вади душата ‒ мачи, измачува. Вади ифтирија на некого ‒ клевети некого, измислува нешто лошо за некого. Си го вади лебот ‒ заработува за живот. Вади од умот ‒ вчудоневидува, запрепастува. Вади од такт ‒ многу вознемирува. ǁ глаг. им. вадење ср.