вакуум

Именка, машки род

Само во еднина.

Значење на вакуум:

1. (физ.) Празен, безвоздушен простор. Сите системи на машински уреди не работат врз принципот на вакуум.

2. (прен.) Празнина, пустош. Некаков вакуум забележав во неговите зеници.

Оригинални податоци:

вакуум (само едн.) м. 1. (физ.) Празен, безвоздушен простор. Сите системи на машински уреди не работат врз принципот на вакуум. 2. (прен.) Празнина, пустош. Некаков вакуум забележав во неговите зеници.