валенција

Именка, женски род

Значење на валенција:

1. (хем.) Способност на атомот на еден хемиски елемент да се врзува со атоми на други елементи, изразена со бројот на атомите на водородот или на други елементи во тој однос еднакви со него.

2. (линг.) Семантичко–синтаксичко својство на зборот, обично на глаголот, да отвора место во реченицата за поврзување со други зборови.

Множина: валенции.

Изведени зборови:

  • валенциски, прид. валенцискиот

Оригинални податоци:

валенција, мн. валенции ж. 1. (хем.) Способност на атомот на еден хемиски елемент да се врзува со атоми на други елементи, изразена со бројот на атомите на водородот или на други елементи во тој однос еднакви со него. 2. (линг.) Семантичко–синтаксичко својство на зборот, обично на глаголот, да отвора место во реченицата за поврзување со други зборови. ǁ валенциски, валенцискиот прид.