валка
Значење на валка:
1. Прави нешто да биде нечисто. Ги валка чевлите газејќи во калта.
2. (прен.) Зборува лошо, невистини за некого, озборува, клевети.
3. Тркала. Ја зел бочвата со вино и ја валкал сè до вратата.
4. вала 4.
Коњугација: валкаат.
Изведени зборови:
- валкање, глаг. им. ср.
- се ~ валка, 1. Станува нечист. И ние децата веќе се валкавме по земјата смеејќи се. 2. Се тркала. Низ пазарот се валкаа лушпи од кромид.
Оригинални податоци:
валка, валкаат несв. 1. Прави нешто да биде нечисто. Ги валка чевлите газејќи во калта. 2. (прен.) Зборува лошо, невистини за некого, озборува, клевети. 3. Тркала. Ја зел бочвата со вино и ја валкал сè до вратата. 4. сп. вала 4. ●се ~ 1. Станува нечист. И ние децата веќе се валкавме по земјата смеејќи се. 2. Се тркала. Низ пазарот се валкаа лушпи од кромид. ǁ глаг. им. валкање ср.