вампир

Именка, машки род

Значење на вампир:

1. Според народното верување, мртовец кој навечер го напушта гробот, ги дави луѓето и им ја пие крвта.

2. (бот.) а) Општ назив за растенија што го отвораат цветот навечер. б) Вечерница; Oenothera biennis.

Множина: вампири.

Изведени зборови:

  • вампирка, и. ж.
  • вампирски, прид. вампирскиот
  • вампирче, и. ср. дем.

Оригинални податоци:

вампир, мн. вампири м. 1. Според народното верување, мртовец кој навечер го напушта гробот, ги дави луѓето и им ја пие крвта. 2. (бот.) а) Општ назив за растенија што го отвораат цветот навечер. б) Вечерница; Oenothera biennis. ǁ вампирка, мн. вампирки ж. ǁ вампирче, мн. вампирчиња ср. дем. ǁ вампириште, мн. вампиришта ауг. ǁ вампирски, вампирскиот прид.