вапса
Значење на вапса:
1. Обои со боја. Ги вапса јајцата рано изутрина. Ја вапса облеката.
2. (фиг.) Измами, надмудри. Еднаш ме вапсавте вие, уште еднаш ќе имате здравје.
Коњугација: вапсаат.
Изведени зборови:
- вапсување, глаг. им. ср.
- се ~ вапса, 1. Се обои. 2. (прен.) Поцрвене во лицето, се засрами. Се вапцав: ми зовре крвта до тилот.
- (се) вапсува, глаг. несв. (се) вапсуваат
Оригинални податоци:
вапса, вапсаат св. 1. Обои со боја. Ги вапса јајцата рано изутрина. Ја вапса облеката. 2. (фиг.) Измами, надмудри. Еднаш ме вапсавте вие, уште еднаш ќе имате здравје. ● се ~ 1. Се обои. 2. (прен.) Поцрвене во лицето, се засрами. Се вапцав: ми зовре крвта до тилот. ǁ (се) вапсува, (се) вапсуваат несв. ǁ глаг. им. вапсување ср.