вари 1

Глагол, несвршен

Значење на вари:

1. Готви храна во вода со загревање до степен на вриење. Вари компири. Вари качамак.

2. Добива производ со обработка на суровини преку загревање, варење, вриење. Вари ракија.

3. Преработување на храната во желудникот и цревата за да може организмот да ја асимилира. Стомакот тешко му вари и ако јаде подоцна, не ќе може да спие.

Коњугација: варат.

Изведени зборови:

  • се ~ вари, 1. Се готви, врие. Од јадењето што се вареше на огнот се ширеше пријатна миризба. 2. (прен.) Се подготвува. Токму овдека се коваат и ткаат и се варат мајтапите.

Оригинални податоци:

вари1, варат несв. 1. Готви храна во вода со загревање до степен на вриење. Вари компири. Вари качамак. 2. Добива производ со обработка на суровини преку загревање, варење, вриење. Вари ракија. 3. Преработување на храната во желудникот и цревата за да може организмот да ја асимилира. Стомакот тешко му вари и ако јаде подоцна, не ќе може да спие. ●се ~ 1. Се готви, врие. Од јадењето што се вареше на огнот се ширеше пријатна миризба. 2. (прен.) Се подготвува. Токму овдека се коваат и ткаат и се варат мајтапите.