варвар
Значење на варвар:
1. Кај старите Грци и Римјани ‒ име за народите и племињата што не биле од нивната етничка и културна заедница. Во овој дел на цивилизацијата народите се делеа на византијци и варвари.
2. Некултурен, суров човек, дивјак. Одбраната попушти и варварите навлегоа во градот.
Множина: варвари.
Алтернативно: варварин
Изведени зборови:
- варварка, и. ж.
- варварски, прил. Секогаш настапуваше грубо, варварски и не мислеше за другите.
- варварски, прид. варварскиот
Оригинални податоци:
варвар и варварин, мн. варвари м. 1. Кај старите Грци и Римјани ‒ име за народите и племињата што не биле од нивната етничка и културна заедница. Во овој дел на цивилизацијата народите се делеа на византијци и варвари. 2. Некултурен, суров човек, дивјак. Одбраната попушти и варварите навлегоа во градот. ǁ варварка, мн. варварки ж. ǁ варварски, варварскиот прид. ǁ варварски прил. Секогаш настапуваше грубо, варварски и не мислеше за другите.