ваш
Значење на ваш:
1. Заменска придавка со посвојно значење ‒ што ви припаѓа вам. Вашата куќа е понова од нашата.
2. Што ви е познат, близок. Вашиот пријател. Вашиот учител.
3. Што ви е близок по роднинска линија. Како се вашите? Вашите се вратиле дома.
4. Што е во некој однос поврзан со вас. Ваша партија. Ваша улица. Ваша црква. Ваше село. Ваша држава.
5. Од почит – Ваш (во обраќање кон едно лице) наместо твој.
6. Кон титулата при обраќање кон високопочитува–на личност. Ваше Величество. Ваше преосвештенство.
Множина: ваши.
Членувана форма: вашиот , вашите.
Алтернативно: ваша ваше
Фразеолошки израз / поговорка:
Во ваше време – кога бевте (кога сте биле) вие млад, активен, на власт, на одредена должност.
Оригинални податоци:
ваш, вашиот, ваша, ваше, мн. ваши, вашите прид. 1. Заменска придавка со посвојно значење ‒ што ви припаѓа вам. Вашата куќа е понова од нашата. 2. Што ви е познат, близок. Вашиот пријател. Вашиот учител. 3. Што ви е близок по роднинска линија. Како се вашите? Вашите се вратиле дома. 4. Што е во некој однос поврзан со вас. Ваша партија. Ваша улица. Ваша црква. Ваше село. Ваша држава. 5. Од почит – Ваш (во обраќање кон едно лице) наместо твој. 6. Кон титулата при обраќање кон високопочитува–на личност. Ваше Величество. Ваше преосвештенство. ◊ Во ваше време – кога бевте (кога сте биле) вие млад, активен, на власт, на одредена должност.