важен
Значење на важен:
1. Што е значаен, влијателен, ценет. Мојот татко оставаше впечаток на деловен, важен жовек.
2. Што е главен, решавачки. Во македонските просветни прашања најважен збор треба да имаат Македонците.
Членувана форма: важниот.
Изведени зборови:
- важно, прил. На важен начин, значајно, сериозно. Одеше важно, со крената глава. Важно го погледна.
Фразеолошки израз / поговорка:
Се прави важен ‒ се претставува како значајна личност, си придава важност без причина.
Оригинални податоци:
важен, важниот прид. 1. Што е значаен, влијателен, ценет. Мојот татко оставаше впечаток на деловен, важен жовек. 2. Што е главен, решавачки. Во македонските просветни прашања најважен збор треба да имаат Македонците. ◊ Се прави важен ‒ се претставува како значајна личност, си придава важност без причина. ǁ важно прил. На важен начин, значајно, сериозно. Одеше важно, со крената глава. Важно го погледна.