важи
Значење на важи:
1. Е во сила, во оптек. Тука важат други правила.
2. Се смета. Јас важам меѓу нив како голем шегаџија.
Коњугација: важат.
Изведени зборови:
- важење, глаг. им. ср.
Фразеолошки израз / поговорка:
Важи (разг.) ‒ во ред, може, се согласувам.
Оригинални податоци:
важи, важат несв. 1. Е во сила, во оптек. Тука важат други правила. 2. Се смета. Јас важам меѓу нив како голем шегаџија. ◊ Важи (разг.) ‒ во ред, може, се согласувам. ǁ глаг. им. важење ср.