вдене

Глагол, свршен

Значење на вдене:

1. Вовлече, вовре низ нешто тесно. Таа мрзливо вденала конец во иглата.

2. (прен., разг.) Зафрли нешто, стави на несоодветно место. Каде го вдена клучот да не можам да го најдам.

Коњугација: вденаа , вденав , вденал , вденат , вденат , вденете , вдени , (ќе) вденеа , (ќе) вденев , (ќе) вденел.

Изведени зборови:

  • вденува, глаг. несв. вденуваат кон зн.1.
  • вденување, глаг. им. ср. вденување кон зн.1.
  • се ~ вдене, Се скрие, се засолни. Каде да се вденеш, ќе те најдам.
  • (се) вденува, глаг. несв. (се) вденуваат

Оригинални податоци:

вдене, вденат; вдени, вденете; вденав, вденаа; вденал; вденат; (ќе) вденев, (ќе) вденеа; (ќе) вденел св. 1. Вовлече, вовре низ нешто тесно. Таа мрзливо вденала конец во иглата. 2. (прен., разг.) Зафрли нешто, стави на несоодветно место. Каде го вдена клучот да не можам да го најдам. ●се ~ Се скрие, се засолни. Каде да се вденеш, ќе те најдам. ǁ вденува, вденуваат несв. кон зн.1. ǁ (се) вденува, (се) вденуваат несв. ǁ глаг. им. вденување ср. кон зн.1.