вџаси се
Значење на вџаси се:
1. Се запрепасти од нешто. Претрпна, се вџаси и рипна од столот.
2. Се згрози од нешто. Се вџасив од лузните на неговото лице.
Коњугација: се вџасат.
Изведени зборови:
- вџасено, прил. Вџасено гледа во војниците.
- вџасеност, и. ж. 1. Запрепастеност. 2. Згрозеност.
- вџасување, глаг. им. ср.
- се вџасува, глаг. несв. се вџасуваат
Оригинални податоци:
вџаси се, се вџасат св. 1. Се запрепасти од нешто. Претрпна, се вџаси и рипна од столот. 2. Се згрози од нешто. Се вџасив од лузните на неговото лице. ǁ се вџасува, се вџасуваат несв. ǁ глаг. им. вџасување ср. ǁ вџасено прил. Вџасено гледа во војниците. ǁ вџасеност ж. 1. Запрепастеност. 2. Згрозеност.