вдлаби

Глагол, свршен

Значење на вдлаби:

1. Со притисок или на друг начин направи длабнатина. Тенкот го вдлаби асфалтниот пат каде што помина.

2. Вреже, втисне. Тој вдлаби во стеблото на буката некаков знак.

Коњугација: вдлабат.

Изведени зборови:

  • вдлабување, глаг. им. ср.
  • се ~ вдлаби, 1. Се направи длабнатина. Од поплавите патот се вдлаби на неколку места. 2. Пропадне, се втисне. Тесното и стегнато коланче се вдлабуваше во нејзините полни слабини.
  • (се) вдлабува, глаг. несв. (се) вдлабуваат

Оригинални податоци:

вдлаби, вдлабат св. 1. Со притисок или на друг начин направи длабнатина. Тенкот го вдлаби асфалтниот пат каде што помина. 2. Вреже, втисне. Тој вдлаби во стеблото на буката некаков знак. ●се ~ 1. Се направи длабнатина. Од поплавите патот се вдлаби на неколку места. 2. Пропадне, се втисне. Тесното и стегнато коланче се вдлабуваше во нејзините полни слабини. ǁ (се) вдлабува, (се) вдлабуваат несв. ǁ глаг. им. вдлабување ср.