вдлабнатина

Именка, женски род

Значење на вдлабнатина:

1. Вдлабено место, дупка, во некоја површина (пат, ѕид и сл.) Стоеше пред малата вдлабнатина во ѕидот.

2. Тркалезен или елипсовиден отвор во карпести предели, обично со рамно дно и стрмни страни, дол. Во засенчените вдлабнатини на карпата има уште мали латици снег.

Множина: вдлабнатини.

Изведени зборови:

  • вдлабнатинка, и. ж. дем.

Оригинални податоци:

вдлабнатина, мн. вдлабнатини ж. 1. Вдлабено место, дупка, во некоја површина (пат, ѕид и сл.) Стоеше пред малата вдлабнатина во ѕидот. 2. Тркалезен или елипсовиден отвор во карпести предели, обично со рамно дно и стрмни страни, дол. Во засенчените вдлабнатини на карпата има уште мали латици снег. ǁ вдлабнатинка, мн. вдлабнатинки ж. дем.