ведар
Значење на ведар:
1. Што е јасен, без облаци, чист. Денот беше ведар и уште од изутрина топол. Ноќта беше ведра, полна со месечина.
2. (прен.) Јасен, сјаен, бистар; весел, спокоен; со живи, светли бои. Се загледа во него со своите ведри очички. Ведра мисла. Ведар дух. Ведро расположение. Ведри бои.
Членувана форма: ведриот.
Изведени зборови:
- ведро, прил. Дебарца, целата, ведро го пречекува Илинден, со крената пушка и пламен.
Фразеолошки израз / поговорка:
Под ведро небо ‒ на отворено, во природа, без покрив над главата. Со ведро чело ‒ смело, гордо. Како гром од ведро небо ‒ одненадеж, неочекувано.
Оригинални податоци:
ведар, ведриот прид. 1. Што е јасен, без облаци, чист. Денот беше ведар и уште од изутрина топол. Ноќта беше ведра, полна со месечина. 2. (прен.) Јасен, сјаен, бистар; весел, спокоен; со живи, светли бои. Се загледа во него со своите ведри очички. Ведра мисла. Ведар дух. Ведро расположение. Ведри бои. ◊ Под ведро небо ‒ на отворено, во природа, без покрив над главата. Со ведро чело ‒ смело, гордо. Како гром од ведро небо ‒ одненадеж, неочекувано. ǁ ведро прил. Дебарца, целата, ведро го пречекува Илинден, со крената пушка и пламен.