ведне
Значење на ведне:
1. Витка на некоја страна, наведнува. Двете кози од старецот ги веднеа гранките и им ги лупеа корите.
2. Спушти надолу, наведне (очи, поглед, глава и сл.). Тој посрамен ја ведне главата. Ведна поглед и излезе во претсобјето.
Коњугација: веднаа , веднав , веднал , веднат, веднат , веднеа , веднев , веднејќи , веднел , веднет , веднете , ведни .
Изведени зборови:
- веднење, глаг. им. ср.
- се ~ ведне, Се витка, се наведнува. Се веднат гранките закитени со цветови во семожни бои.
Оригинални податоци:
ведне, веднат; ведни, веднете; веднев, веднеа; веднел; веднет; веднејќи; мин. св. веднав, веднаа; веднал; веднат несв. Витка на некоја страна, наведнува. Двете кози од старецот ги веднеа гранките и им ги лупеа корите. 2. Спушти надолу, наведне (очи, поглед, глава и сл.). Тој посрамен ја ведне главата. Ведна поглед и излезе во претсобјето. ● се ~ Се витка, се наведнува. Се веднат гранките закитени со цветови во семожни бои. ǁ глаг. им. веднење ср.