ведрина
Само во еднина.
Значење на ведрина:
1. Безоблачност, чистота, синило на небото. Ведрина полна со сонце се истури над градот.
2. а) (прен.) Радост, веселост, спокојство. Со својата ведрина тој секогаш умееше да ја расположи дружината. б) Самодоверба, оптимизам. Периодот кога се вратив од војска беше исполнет со многу илузии и ведрина.
Изведени зборови:
- ведринка, и. ж. дем.
Оригинални податоци:
ведрина (само едн.) ж. 1. Безоблачност, чистота, синило на небото. Ведрина полна со сонце се истури над градот. 2. а) (прен.) Радост, веселост, спокојство. Со својата ведрина тој секогаш умееше да ја расположи дружината. б) Самодоверба, оптимизам. Периодот кога се вратив од војска беше исполнет со многу илузии и ведрина. ǁ ведринка ж. дем.