ведро

Именка, среден род

Значење на ведро:

1. Дрвен сад, обично без капак, со рачка прицврстена за една дага или со полукружна рачка, што служи за чување и пренесување вода и други течности, за вадење вода од бунар, за молзење и др. Во едната рака носеше ведро, а другата слободно ја мавташе крај себе.

2. Мерка за течност. Таа година му се расипаа илјада ведра вино.

Множина: ведра.

Оригинални податоци:

ведро, мн. ведра ср. 1. Дрвен сад, обично без капак, со рачка прицврстена за една дага или со полукружна рачка, што служи за чување и пренесување вода и други течности, за вадење вода од бунар, за молзење и др. Во едната рака носеше ведро, а другата слободно ја мавташе крај себе. 2. Мерка за течност. Таа година му се расипаа илјада ведра вино.