вее

Глагол, несвршен

Значење на вее:

1. Дува ветер. Вееше тивко, пролетно ветре.

2. Паѓа снег со крупни снегулки. Гледај, повторно вее снег. Вее лапавица густа.

3. Чисти зрна од плевел. Вее пченица.

4. Ветрот со дување носи нешто. Пролетното ветерче вееше исушени лисја.

5. (прен.) Се насетува, се провлекува, се чувствува.

6. Се шири, разлева, се разнесува. Силно го удри в лице студен, мемлив воздух што вее од ѕидовите на старите куќи без сонце.

Коњугација: веав , веаја , веал , веан, веат , веев , вееја , веејќи , веел , веен , веј , вејте .

Изведени зборови:

  • веење, глаг. им. ср.
  • се ~ вее, 1. Се витка, се лелее. Косата му се вееше на ветрот. Се вееше црвеното знаме. 2. (прен.) Скита, талка. Тие знаат и дека носиш брада, и дека се вееш таму–ваму сам.

Фразеолошки израз / поговорка:

Ветар го вее ‒ за несериозен човек.

Оригинални податоци:

вее, веат; веј, вејте; веев, вееја; веел; веен; веејќи; мин. св. веав, веаја; веал; веан несв. 1. Дува ветер. Вееше тивко, пролетно ветре. 2. Паѓа снег со крупни снегулки. Гледај, повторно вее снег. Вее лапавица густа. 3. Чисти зрна од плевел. Вее пченица. 4. Ветрот со дување носи нешто. Пролетното ветерче вееше исушени лисја. 5. (прен.) Се насетува, се провлекува, се чувствува. 6. Се шири, разлева, се разнесува. Силно го удри в лице студен, мемлив воздух што вее од ѕидовите на старите куќи без сонце. ● се ~ 1. Се витка, се лелее. Косата му се вееше на ветрот. Се вееше црвеното знаме. 2. (прен.) Скита, талка. Тие знаат и дека носиш брада, и дека се вееш таму–ваму сам. ◊ Ветар го вее ‒ за несериозен човек. ǁ глаг. им. веење ср.