вегетативен

Придавка

Биологија.

Значење на вегетативен:

Што се однесува на животните процеси (растење, исхрана, дишење и др.) на животните и растенијата.

Членувана форма: вегетативниот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Вегетативен нервен систем ‒ дел од нервниот систем што ја регулира работата на внатрешните органи. Вегетативно размножување ‒ бесполово размножување.

Оригинални податоци:

вегетативен, вегетативниот прид. (биол.) Што се однесува на животните процеси (растење, исхрана, дишење и др.) на животните и растенијата. ◊ Вегетативен нервен систем ‒ дел од нервниот систем што ја регулира работата на внатрешните органи. Вегетативно размножување ‒ бесполово размножување.