веѓа

Именка, женски род

Значење на веѓа:

1. Со влакна обраснат лак над очната длабнатина. Сите погледи се свртеа кон момчето со бујни веѓи.

2. Крајниот дел од голема рибарска мрежа.

Множина: веѓи.

Фразеолошки израз / поговорка:

Гајтан веѓи ‒ тенки, црни веѓи. Набра (свие) веѓи ‒ се намурти.

Оригинални податоци:

веѓа, мн. веѓи ж. 1. Со влакна обраснат лак над очната длабнатина. Сите погледи се свртеа кон момчето со бујни веѓи. 2. Крајниот дел од голема рибарска мрежа. ◊ Гајтан веѓи ‒ тенки, црни веѓи. Набра (свие) веѓи ‒ се намурти.