век

Именка, машки род

Значење на век:

1. Време од сто години како целина; столетие.

2. Период, епоха. Век на технолошка револуција.

3. а) Траење на животот на човекот, должина на животот. Остарев, а никогаш во мојот век не сум се изнаслушал песни како овие години. Секое живо суштество има свој век. б) Траење, постоење на нешто. За жал, печатницата на Синаитски немаше долг век.

4. Свет, народ. Што ли ти нема по веков! Секакви луѓе има на овој век!

Множина: векови.

Фразеолошки израз / поговорка:

Златен век ‒ епоха на благосостојба и напредок. Среден век ‒ време од паѓањето на Западната Римска Империја до падот на Цариград и откривањето на Америка (од V до XV век). За век и веков ‒ за сите времиња, за секогаш. Цел век ‒ многу долго време, одамна. Со векови ‒ долго време. Од векови ‒ одамна, од памтивек. На оној век ‒ во животот по смртта. Назад од векот ‒ заостанат, не е во тек со времето. Се сврте векот ‒ се промени светот, животот.

Оригинални податоци:

век, мн. векови м. 1. Време од сто години како целина; столетие. 2. Период, епоха. Век на технолошка револуција. 3. а) Траење на животот на човекот, должина на животот. Остарев, а никогаш во мојот век не сум се изнаслушал песни како овие години. Секое живо суштество има свој век. б) Траење, постоење на нешто. За жал, печатницата на Синаитски немаше долг век. 4. Свет, народ. Што ли ти нема по веков! Секакви луѓе има на овој век! ◊ Златен век ‒ епоха на благосостојба и напредок. Среден век ‒ време од паѓањето на Западната Римска Империја до падот на Цариград и откривањето на Америка (од V до XV век). За век и веков ‒ за сите времиња, за секогаш. Цел век ‒ многу долго време, одамна. Со векови ‒ долго време. Од векови ‒ одамна, од памтивек. На оној век ‒ во животот по смртта. Назад од векот ‒ заостанат, не е во тек со времето. Се сврте векот ‒ се промени светот, животот.