веќе
Значење на веќе:
1. Укажува на моментот на извршување на дејството – дека е извршено или дека е извршено пред очекувањето. Веќе сум готов. Веќе ја прочитав книгата. Зар веќе се вратил?
2. Укажува на извршено дејство пред моментот на говорењето или упатува на претходниот конетекст. Веќе се имаме договорено за тоа. Веќе видовме кои беа пречките за остварување на планот.
3. За потсилување. а) Го истакнува траењето на дејството. Веќе три години работи таму. Неколку дена веќе го чекам. б) Во разни контексти. Остави ја веќе таа работа. Добро, веќе престани. Веќе еднаш да осамне. Требаше веќе да е тука. Кај си веќе досега.
4. Укажува на промена на определена состојба. Веќе си втасал за училиште. Веќе не ти личи да одиш на корзо. Сега веќе добро вози. Ова веќе не го разбирам. Веќе немам пари. Не е веќе меѓу живите.
5. Повеќе, понатаму од даден момент. Нема веќе да одам таму. Нема веќе да плачам. Не можев веќе да го трпам. Веќе нема да се расправам со нив.
6. За омаловажување. Веќе, како твојата работа нема друга. Веќе, кој може како тебе?
Оригинални податоци:
веќе прил. 1. Укажува на моментот на извршување на дејството – дека е извршено или дека е извршено пред очекувањето. Веќе сум готов. Веќе ја прочитав книгата. Зар веќе се вратил? 2. Укажува на извршено дејство пред моментот на говорењето или упатува на претходниот конетекст. Веќе се имаме договорено за тоа. Веќе видовме кои беа пречките за остварување на планот. 3. За потсилување. а) Го истакнува траењето на дејството. Веќе три години работи таму. Неколку дена веќе го чекам. б) Во разни контексти. Остави ја веќе таа работа. Добро, веќе престани. Веќе еднаш да осамне. Требаше веќе да е тука. Кај си веќе досега. 4. Укажува на промена на определена состојба. Веќе си втасал за училиште. Веќе не ти личи да одиш на корзо. Сега веќе добро вози. Ова веќе не го разбирам. Веќе немам пари. Не е веќе меѓу живите. 5. Повеќе, понатаму од даден момент. Нема веќе да одам таму. Нема веќе да плачам. Не можев веќе да го трпам. Веќе нема да се расправам со нив. 6. За омаловажување. Веќе, како твојата работа нема друга. Веќе, кој може како тебе?