векува

Глагол, несвршен

Значење на векува:

1. Живее долго време. Ете, сега неговото срце најде жена со која ќе векува.

2. (прен.) Се задржува долго време некаде. Јас нема да векувам овде, малку ќе здивнам и ќе си одам.

Коњугација: векуваат.

Изведени зборови:

  • векување, глаг. им. ср.

Оригинални податоци:

векува, векуваат несв. 1. Живее долго време. Ете, сега неговото срце најде жена со која ќе векува. 2. (прен.) Се задржува долго време некаде. Јас нема да векувам овде, малку ќе здивнам и ќе си одам. ǁ глаг. им. векување ср.