вели
Значење на вели:
1. Зборува, говори, усно соопштува. Јас како другар и пријател ти велам: нема да дозволам никаков разговор за таа работа.
2. Се зборува, се смета. Велат: јавило радиото оти војнава уште долго ќе траела. А кабината велат дека била од несогорливо стакло.
3. Кажува, именува, вика. Така е градски, а ние си го велевме по наше.
4. (прен.) Изразува нешто со надворешниот изглед, без зборови. Очите ѝ велеа нешто друго.
5. Изразување на мисла, суд и сл. во писмен состав (литературно дело). Како што вели авторот во својата статија, револуцијата е поопасна од војната.
Коњугација: велат.
Изведени зборови:
- велење, глаг. им. ср.
- се ~ вели, 1. Се зборува, се кажува. Зар не можеш да сфатиш едно такво обично нешто како што е тоа што ти се вели дека не смееш да го правиш. Се вели ренесанса, а фактички се мисли ‒ на едно повторно или поточно, едно ново раѓање". 2. (дијал.) Се вика, се нарекува. Јас се велам Соне Ќосиот.
Фразеолошки израз / поговорка:
Што се вели зборот ‒ што е општо прифатено, што се подразбира. Што ти вели умот за работиве? ‒ што мислиш. Си велам со умов ‒ мислам.
Оригинални податоци:
вели, велат несв. 1. Зборува, говори, усно соопштува. Јас како другар и пријател ти велам: нема да дозволам никаков разговор за таа работа. 2. Се зборува, се смета. Велат: јавило радиото оти војнава уште долго ќе траела. А кабината велат дека била од несогорливо стакло. 3. Кажува, именува, вика. Така е градски, а ние си го велевме по наше. 4. (прен.) Изразува нешто со надворешниот изглед, без зборови. Очите ѝ велеа нешто друго. 5. Изразување на мисла, суд и сл. во писмен состав (литературно дело). Како што вели авторот во својата статија, револуцијата е поопасна од војната. ● се ~ 1. Се зборува, се кажува. Зар не можеш да сфатиш едно такво обично нешто како што е тоа што ти се вели дека не смееш да го правиш. Се вели ренесанса, а фактички се мисли ‒ на едно повторно или поточно, едно ново раѓање". 2. (дијал.) Се вика, се нарекува. Јас се велам Соне Ќосиот. ◊ Што се вели зборот ‒ што е општо прифатено, што се подразбира. Што ти вели умот за работиве? ‒ што мислиш. Си велам со умов ‒ мислам. ǁ глаг. им. велење ср.