велик

Придавка

Книжевен збор.

Значење на велик:

1. Што со своите особини ги надминува другите, што има големо значење. Велики дела. Великиот човек.

2. За душевно преживување: премногу силен, голем. Велик копнеж.

Членувана форма: великиот.

Фразеолошки израз / поговорка:

Велики пости ‒ велигденски пости.

Оригинални податоци:

велик, великиот прид. (книж.) 1. Што со своите особини ги надминува другите, што има големо значење. Велики дела. Великиот човек. 2. За душевно преживување: премногу силен, голем. Велик копнеж. ◊ Велики пости ‒ велигденски пости.