вене
Значење на вене:
1. За растение – губи свежина, боја, сјај, се суши. Наесен лисјето венеат и се сушат.
2. (прен.) За човек ‒ слабее, губи сила и животна свежина. Чувствував како венее сè во мене. Таа беше болна, венееше, а никој не знае зошто.
3. (прен.) Тагува, копнее, страда за нешто. Таа вене таму во туѓ свет поради него. Девојките венеат по него.
Коњугација: венал , венат , венат и венее , венеа , венеа , венеав , венеал , венеан, венеат , венев , венев , венеев , венееја , венееја , венеејќи , венеел , венеен , венеј , венејќи , венејте , венел , венет , венете , вени .
Изведени зборови:
- венење, глаг. им. ср. венеење
Оригинални податоци:
вене, венат; вени, венете; венев, венеа; венел; венет; венејќи; мин. св. венев, венеа; венал; венат и венее, венеат; венеј, венејте; венеев, венееја; венеел; венеен; венеејќи; мин. св. венеав; венееја; венеал; венеан несв. 1. За растение – губи свежина, боја, сјај, се суши. Наесен лисјето венеат и се сушат. 2. (прен.) За човек ‒ слабее, губи сила и животна свежина. Чувствував како венее сè во мене. Таа беше болна, венееше, а никој не знае зошто. 3. (прен.) Тагува, копнее, страда за нешто. Таа вене таму во туѓ свет поради него. Девојките венеат по него. ǁ глаг им. венење и венеење ср.