венец
Значење на венец:
1. Предмет со кружна или овална форма, исплетен од цвеќе, лисја и сл. или сличен предмет од метал, камен и др., како награда за победникот, во знак на почест, во радосни расположенија, во жалост и др. Сплетоа венец од полско цвеќе. Златен венец. Тие носеле венци од зелени лисје и бршлен.
2. Различни плодови и др. сплетени или нанижани во круг; низа. Венци кромид, лук и суви пиперки.
3. Што има форма на венец. Орото среде двор, како венец моминки, зоврива и не стивнува. Го доближува пагурчето, му го гледа венецот околу грлото и отпива од него. Ги опре колената од венецот на прозорецот.
4. Срт на планина. Денот помина во патување низ три планински венци.
5. (прен.) Венчавка. И венец ти ставија на глава и прстен на десната рака. Ако нејзините домашни толку многу сакале да ја стават под брачниот венец, тој немал ништо против.
6. (само мн.) Ткиво, непцето околу забите. Ги гледал расипаните заби под модрите венци.
Множина: венци.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ловоров венец ‒ венец што се дава за награда или во знак на признание, слава. Трнов венец ‒ мака, страдање.
Оригинални податоци:
венец, мн. венци м. 1. Предмет со кружна или овална форма, исплетен од цвеќе, лисја и сл. или сличен предмет од метал, камен и др., како награда за победникот, во знак на почест, во радосни расположенија, во жалост и др. Сплетоа венец од полско цвеќе. Златен венец. Тие носеле венци од зелени лисје и бршлен. 2. Различни плодови и др. сплетени или нанижани во круг; низа. Венци кромид, лук и суви пиперки. 3. Што има форма на венец. Орото среде двор, како венец моминки, зоврива и не стивнува. Го доближува пагурчето, му го гледа венецот околу грлото и отпива од него. Ги опре колената од венецот на прозорецот. 4. Срт на планина. Денот помина во патување низ три планински венци. 5. (прен.) Венчавка. И венец ти ставија на глава и прстен на десната рака. Ако нејзините домашни толку многу сакале да ја стават под брачниот венец, тој немал ништо против. 6. (само мн.) Ткиво, непцето околу забите. Ги гледал расипаните заби под модрите венци. ◊ Ловоров венец ‒ венец што се дава за награда или во знак на признание, слава. Трнов венец ‒ мака, страдање.