вера

Именка, женски род

Значење на вера:

1. Религија, вероисповед. Христијанска вера.

2. Убедување, надеж во остварување на нешто. Сепак не го оставаше верата дека потомството ќе го оцени и ќе го сфати неговиот живот.

3. Доверба. Чорбаџиите не се за вера. Во вас навистина немало вера.

Множина: вери.

Изведени зборови:

  • верица, и. ж. , веричка дем.
  • верски, прид. верскиот Што се однесува на вера. Верски обичаи. Верски празници.

Фразеолошки израз / поговорка:

Зема на вера ‒ на доверба. Даде вера и клетва ‒ вети, даде збор, се заколне. Жими вера ‒ заколнување.

Оригинални податоци:

вера, мн. вери ж. 1. Религија, вероисповед. Христијанска вера. 2. Убедување, надеж во остварување на нешто. Сепак не го оставаше верата дека потомството ќе го оцени и ќе го сфати неговиот живот. 3. Доверба. Чорбаџиите не се за вера. Во вас навистина немало вера. ◊ Зема на вера ‒ на доверба. Даде вера и клетва ‒ вети, даде збор, се заколне. Жими вера ‒ заколнување. ǁ верица ж., веричка ж. дем. ǁ верски, верскиот прид. Што се однесува на вера. Верски обичаи. Верски празници.