верен
Значење на верен:
1. Што е предан, приврзан, постојан во пријателството, во поддршката, во послушноста и сл. Верен другар. Верен слуга.
2. Што потполно одговара на тоа што го претставува; точен, соодветен. Нивните документи не даваат верна слика. Тој даде верен опис на надворешниот лик на комитата.
3. Што е вистинит, веродостоен. Знаеше дека тие зборови што ги изговори со страв, не се верни на она што навистина се случи.
Членувана форма: верниот.
Изведени зборови:
- верно, прил. Тој верно и предано му служеше на господарот. Колку било верно, никој не може да тврди.
Оригинални податоци:
верен, верниот прид. 1. Што е предан, приврзан, постојан во пријателството, во поддршката, во послушноста и сл. Верен другар. Верен слуга. 2. Што потполно одговара на тоа што го претставува; точен, соодветен. Нивните документи не даваат верна слика. Тој даде верен опис на надворешниот лик на комитата. 3. Што е вистинит, веродостоен. Знаеше дека тие зборови што ги изговори со страв, не се верни на она што навистина се случи. ǁ верно прил. Тој верно и предано му служеше на господарот. Колку било верно, никој не може да тврди.