верува
Значење на верува:
1. Смета, мисли, убеден е дека нешто е така како што се прикажува, како што се претставува, дека е вистинито, реално. Дали ти веруваш во тоа што го зборуваш? Таа веруваше дека е среќна.
2. Има доверба во некого или нешто. Долго те учат да веруваш во луѓето. Му верувам само на мојот часовник. Не им верува на очите.
Коњугација: веруваат.
Изведени зборови:
- верување, глаг. им. ср. верување, PLUR_верувања Кај народот постојат различни верувања за истата појава.
- се ~ верува, (безл.) Не ми се верува.
Фразеолошки израз / поговорка:
Ситиот на гладен не верува.
Оригинални податоци:
верува, веруваат несв. 1. Смета, мисли, убеден е дека нешто е така како што се прикажува, како што се претставува, дека е вистинито, реално. Дали ти веруваш во тоа што го зборуваш? Таа веруваше дека е среќна. 2. Има доверба во некого или нешто. Долго те учат да веруваш во луѓето. Му верувам само на мојот часовник. Не им верува на очите. ● се ~ (безл.) Не ми се верува. ◊ Ситиот на гладен не верува. ǁ глаг. им. верување, мн. верувања ср. Кај народот постојат различни верувања за истата појава.