весел
Значење на весел:
1. Што е радосен, расположен, среќен. Весел човек. Весело друштво. Весела расположба.
2. Што изразува радост, ведрост, убаво расположение. Весели очи. Весел глас.
3. (прен.) Што е убав, ведар. Весел ден.
4. (прен.) За растенија – свеж, неовенат. Денеска цвеќињата се повесели.
5. Што предизвикува смеа. Весела случка. Весел расказ.
Членувана форма: веселиот.
Изведени зборови:
- весело, прил. Сериозните разговори често завршуваа весело.
- веселост, и. ж.
Фразеолошки израз / поговорка:
Здрав да си ми и весел! ‒ пожелување.
Оригинални податоци:
весел, веселиот прид. 1. Што е радосен, расположен, среќен. Весел човек. Весело друштво. Весела расположба. 2. Што изразува радост, ведрост, убаво расположение. Весели очи. Весел глас. 3. (прен.) Што е убав, ведар. Весел ден. 4. (прен.) За растенија – свеж, неовенат. Денеска цвеќињата се повесели. 5. Што предизвикува смеа. Весела случка. Весел расказ. ◊ Здрав да си ми и весел! ‒ пожелување. ǁ весело прил. Сериозните разговори често завршуваа весело. ǁ веселост ж.